Метла ќе заигра и во градежништвото

Bez autora
Feb 15 2011

Отпуштања од работа, намалени порачки, слаба опрема, влошување на состојбата во градежништвото, единствениот сектор што успешно се бореше со кризата, најавуваат директорите на градежните компании. Според анкетата на Државниот завод за статистика, директорите на градежните компании во четвртиот квартал од 2010 година оцениле дека во наредниот период се очекува бројот на вработените во овој сектор да се намалува. Според статистика и оценката за сегашната состојба со порачки е понеповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата, но со тенденција за понатамошно подобрување. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а вкупните порачки (договори) да се зголемат.

Метла ќе заигра и во градежништвотоОтпуштања од работа, намалени порачки, слаба опрема, влошување на состојбата во градежништвото, единствениот сектор што успешно се бореше со кризата, најавуваат директорите на градежните компании.

Според анкетата на Државниот завод за статистика, директорите на градежните компании во четвртиот квартал од 2010 година оцениле дека во наредниот период се очекува бројот на вработените во овој сектор да се намалува.

Според статистика и оценката за сегашната состојба со порачки е понеповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата, но со тенденција за понатамошно подобрување. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а вкупните порачки (договори) да се зголемат.

Според нивните оценки, најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат немањето доволна побарувачка со 17,5 отсто, зголемените трошоци за материјали со 16,8, друго со 12,9 и недостигот на опрема со 12,6 отсто.

Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото како поповолна ја оценуваат економската состојба во четвртиот квартал од 2010 година во однос на претходниот квартал, а како многу поповолна во однос на четвртиот квартал од 2009 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, оценката за финансиската состојба на деловните субјекти од областа на градежништвото е поповолна и во однос на третиот квартал од 2010 година, како и во споредба со истиот квартал од претходната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik